Мирна новогодишна ноќ за струмичките пожарникари

Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица имала мирна новогодишна ноќ. Според Мијалче Крстев, командир на единицата, имало една интервенција на запален оџак во индивидуална семејна куќа и едно превентивно делување на сообраќајна незгода која што се случила на патот Дабиле – Петралинци.

Инаку, во 2014 година оваа единица имала 370 интервенции, најголем дел од нив биле кај опожарени објекти, а поради честите врнежи од дожд, имало многу помалку интервенции при пожари на отворено, споредено со претходните години.

Од ТППЕ апелираат до граѓаните за поголема претпазливост околу оџаците во овој период од годината.

Comments are closed.