Со песни и игри, 2500 дечиња го најавија доаѓањето на Новата година во Струмица

Точно на пладне, околу 2500 ученици од прво до петто одделение се собраа на плоштадот „Гоце Делчев’’ да го најават доаѓањето на Новата година.
Децата со игра и песна направија одлична новогодишна атмосфера, а студениот ден не влијаеше тие убаво да се забавуваат.
На учениците се придружи и градоначалникот Зоран Заев кој им посака среќни новогодишните и божиќни празници.
Организатор на предновогодишната дружба на основците ја организираше Младински совет.

Comments are closed.