Ристе Пандев е најдобриот спортист на Струмица за 2014 година

Ристе Пандев од Атлетскиот клуб „Струмица““ ja понесе титулaта за „Најдобар спортист на Струмица за 2014’’. Второто место го зазема Филип Маџуков од Одбојкарски клуб „Струмица’’  додека третопласиран е Реваз Чантурија од РК „Зомимак М’’.
Поради постигнатиот успех, за најуспешна спортска екипа во минатата година во Струмица прогласена е одбојкарската екипа на „Струмица’, потоа следат ракометарите на РК „Зомимак М’’ и третопласирана е женската фудбалска екипа на „Тиверија Истатов’’.
Тренерот на Одбојкарски клуб „Струмица’’ Кирил Ричлиев е прогласен за најдобар тренер за 2014 година, втор е тренерот на КБК „Тим Зоран’’, Зоран Спасов, додека третото место го зазема Славе Велков, тренерот на ЖФК „Тиверија’’.
Во категорија на најмладите, ова се доделените награди:
НАЈДОБРА ЕКИПА (МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА)

III место – ЖФК ТИВЕРИЈА (кадетско-младинска школа)
II место – ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (Генерација 1997)
I место – ОК СТРУМИЦА (Младинци)



НАЈДОБАР СПОРТИСТ (МЛАДИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА)

III место – ВИКТОРИЈА ПАНЧУРОВА (ЖФК Тиверија)
II место – КИРИЛ ПАНОВ (КК Ролинг 08)
I место – ВАЛЕНТИН КОЧОСКИ (ФК Академија Пандев)



НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МЛАДИ КАТЕГОРИИ

III место – ВАСКО РИЧЛИЕВ (ОК Македонија Макс)
II место – ПАНЧЕ СТОЈАНОВ (ФК Академија Пандев)
I место – ЗОРАН СПАСОВ (КБК Тим Зоран)

Comments are closed.