ОО СДСМ – Струмица приреди новогодишен коктел за своите членови и симпатизери

Општинската организација на СДСМ Струмица традиционално синоќа организираше коктел за членовите и симпатизерите на партијата. На предновогодишната забава со социјалдемократите од сите месни заедници се придружи и претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Зоран Заев.


„Од поодамна 2014 година беше најавувана преку Скопје 2014 година, проект кој остава своја симболика, и сама по себе, година која беше многу тешка. Се надевам 2015 година ќе биде година на многу позитивни пресвртници во Македонија кои што пред се ќе ги почуствуват граѓаните на нашата земја. Согласно тоа, апелирам за борба за слобода и демократија, за одважност и храброст. Да се одважиме 2015 година да и дадеме позитивен предзнак на Македонија во годината која е пред нас. И конечно, секако, да можеме да се гордееме и со нашето секојдневие но и со гордоста дека оставаме перспективна и надежна земја која што може да чекори со останатите европски земји „рамо до рамо’’- порачи Зоран Заев.


На забавата беа присутни Марјан Даскаловски, претседателот на ОО СДСМ Струмица како и пратениците Цветанка Иванова и Панче Орцев.

Comments are closed.