Младите социјадемократи им подариja новогодишни пакетчиња на штитениците од „Бања Банско’’

По повод новогодишните и божиќните празници, младите социјалдемократи ги посетија и израдуваа лицата од Заводот за рехабилитација „Бања Банско’’ делејќи им новогодишни пакетчиња.
„Преку гледање на анимиран филм се дружевме и се забавувавме. Со ова уште еднаш сакаме да на дело ја покажеме својата хумана страна и грижа кон сите’’ – велат младите социјадемократи од Струмица.


ЛК СДММ Струмица упатија апел до сите граѓани да се вклучат во активно помагање и секој слободен миг да го искористат во заедничка дружба со лицата од Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско.

Comments are closed.