Ограбени викендица, куќа, земјоделска аптека во Струмица

Во последниве седум дена на територија на општина Струмица се случиле три кражби, известуваат од СВР Струмица.
Ограбени се викендица, куќа и земјоделска аптека, а од овие места крадците однеле пари, земјоделски препарати, разновиден алат при што направиле материјална штета од 160.000 денари.


Во периодот од 22 -28 декември пријавени се и 9 физички напади, а поради неприлагодена брзина и возење под дејство на алкохол се случиле и три сообраќајни незгоди во кои се повредени пешак и двајца возачи.
Полицијата спровела и акциска контрола на техничката исправност на автобусите и такси возилата кои вршат јавен превоз на патници , како и откривање на возачите кои управуваат под дејство на алкохол.
Во двете полициски контроли констатирани се 15 прекршоци.

Comments are closed.