Асфалтирана уште една улица во Вељуса

Во рамките на предвидените активности од Програмата за работа на Општина Струмица за 2014 година, во саботата во селото Вељуса беше асфалтирана улица која се наоѓа на потегот од месноста ,,Зурапова чешма’’ до куќата на Ванчо Витанов.

Според информацијата од Одделението за комунални работи, станува збор за улица со површина од 540 метри квадратни која е асфалтирана со 7 сантиметри асфалт од типот BNHS – 16.

Од истото одделение информираат дека во наредниот период ќе бидат асфалтирани улици и во населените места Добрејци, Дабиле, Муртино и Банско како и неколку улици во градот, кои исто така се дел од проектите на Општина Струмица од буџетската 2014 година.

Comments are closed.