Се е подготвено за вечерашната забава на АК „Стрит Рејсинг’’

Ве очекува луда и незаборавна забава – вака членовите на струмичкиот Авто клуб „Стрит Рејсинг’’ ja најавуваат вечерашната прослава на година дена од постоењето на клубот.
На забавата учесници ќе можат да ги погледнат изложени спортски возила, а на крајот на вечерта ќе има и изненадувања.


Покрај струмичани најавени се и гости од Радовиш, Гевгелија, Кавадарци и Скопје.
Роденденската прослава ќе се одржи на Кванташкиот пазар од 18:00 часот до полноќ.
Влезот ќе чини 100 денари.

Comments are closed.