Тутунарите го блокираa магистралниот пат Струмица – Радовиш

Незадоволните тутунопроизводители од Струмица денеска од 12:00 до 13:00 часот го блокираа магистралниот пат Струмица – Радовиш. Едночасовен протест, организиран од Сојузот на синдикати на земјоделски производители од Струмица, се одржа поради незадоволсвото при утврдување на класата на тутунот при откупот .


„Со премногу ниска цена и потценувачки однос спрема тутунот преку определување на ниските класи на тутунот, тутунарите се доведуваат во целосно деградирање на нивната работа, но и егзистенција. Ваквата потценувачка политика која е поддржана со премолчување на инспекторат, а оди на штета на тутунопроизводителите, самите тутнари ќе бидат доведени во состојба да не можат да обездбедат егзистенција на своите семејства што ги прави само добра мета на извршителите’’ – изјави Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители.
Тој истакна дека тутнарите кои денеска протестираа барат од Владата на Република Македонија да не смее да остане ниту еден килограм неоткупен тутун и откупот на целиот тутун да се заврши до 15 март 2015 година, до кога е законската можност за продадениот тутун да се добијат субвенции.


„Субвенциите за реколтата 2014 кои се исплаќаат од програмата за субвенционирање од програмата за 2015 година Владата да одвои дополнителни 30 денари за килограм откупен тутун со што субвенцијата од 60 денари би се зголемила на 90 денари по килограм’’- додаде Велков како второто барање на тутунарите од Струмица.
Ако барањата на тутунопрозиводителите на бидат исплолнети, од Сојузот на синдикати на земјоделски производители од Струмица најавија протест пред Владата.

Comments are closed.