Утре тутунарите ќе го блокираат патот Струмица – Радовиш

Сојузот на синдикати на земјоделски производители од Струмица за утре најави едночасовен мирен протест на тутунарите од струмичко – радовишкиот регион. Протестот ќе се одржи поради незадоволсвото при утврдување на класата на тутунот при откупот.
„Од името на тутунарите од струмичко – радовишкиот регион, Сојузот на синдикат на земјоделски производители ги повикува сите земјоделци, лозари, градинари, сточари и овоштари да утре, 27 декември, да излеземе на мирен протест и заедно да ги поддржаме во нивните барања. Воедно ги повикуваме сите да излезат и да се придружат на протестот, за нашите барања“ – рече Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители.


Протестот ќе се одржи од 12:00 – 13:00 часот. Тутунарите од струмичкиот регион ќе го блокират магистралниот пат Струмица-Радовиш, кај „Слобода“, додека тутнарите од радовишкиот крај ќе го застанат сообраќајот на магистралниот пат Радовиш-Штип, кај клучката кон селото Ињево.

Comments are closed.