Новогодишна хуманитарна акција во СОУ „Јане Сандански“

Во Средното општинско училиште „Јане Сандански“ за прв пат оваа година се одржува новогодишен базар во кој се вклучени четирите паралелки од четврта година од економската струка.

На штандовите во училишниот хол беа изложени  многубројни рачно изработени интересни украси и декорации со новогодишни и божиќни мотиви од чија продажба парите ќе бидат насочени во хуманитарни цели. Овие украси учениците ги изработиле на часовите по практична настава во кабинетите по економија.

Новогодишниот базар продолжува и денес со продажба на домашно подготвена храна. Секоја паралелка сама ќе одлучи во какви хуманитарни цели  ќе ги насочи собраните парични средства.

Comments are closed.