Градоначалникот Заев на предновогодишна средба со претседателите на месните и урбаните заедници

Градоначалникот Зоран Заев во салата за седници на Советот на општина Струмица оствари предновогодишна средба со претседателите на месните и урбаните заедници. На  средбата се сумираше сработеното во оваа 2014 година и се одредуваа правците на работа во следната 2015 година.

Градоначалникот Заев истакна дека и во време на криза, општината се труди и прави максимални напори да биде општина за сите граѓани и за тие што живеат во градот, но и за граѓаните во населените места. Претседателите на месните и урбаните заедници му се заблагодарија на Градоначалникот за иницијативата за одржување на ваква предновогодишна средба.

Comments are closed.