Градоначалникот Заев ќе стипендира двајца студенти

Градоначалникот Зоран Заев ќе го стипендира личниот развој на двајца најуспешни студенти од општина Струмица преку тримесечната сертифицирана академија -Life Tools Academy. Ова стипендирање е во рамките на проектот „Најуспешните студенти учат од најуспешните градоначалници“ на Националната асоцијација на престижни академски граѓани – НАПАГ, а по извршеното истражување во кое најуспешните студенти се изјасниле дека градоначалникот Зоран Заев е еден од најуспешните во Македонија чија успешна приказна би сакале да ја чујат.

Подетални информации може да се добијат на следниот линк

НАПАГ е првата и единствена асоцијација во Македонија, која на едно место ги вмрежува сите најуспешни студенти од сите професии и универзитети со просек над 8,5 и се грижи за целосно искористување на нивниот капацитет преку обуки за развој на нивните креативни, иновативни и претприемачки вештини.Партнерството со НАПАГ е уште една потврда за грижата на градоначалникот Зоран Заев за најталентираните студенти од општина Струмица.Конкурсот за доделување стипендии на двајца студенти е отворен до 20 јануари 2015 година. Заинтересираните треба да ги исполнуваат следните услови: да имаат комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус на било кој факултет, да имаат просек повисок од 8,5 и да се жители на општина Струмица.

Пријавувањето се врши електронски на napag@napag.mk или на телефонскиот број 071 259 345

Comments are closed.