Во понеделник Советот ќе расправа за Буџетот на Струмица за 2015 година

На 29 декември ќе се одржи последната, дваесет и втора седница на Советот на општина Струмица за тековната година. На дневниот на ред на Советот ќе се предлог – програмите за Буџетот на Струмица за 2015 година, а ќе се усвои и записникот од дваесет и првата седница на Советот на општина Струмица.
Ова се точките по кои ќе се работи:

  1. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2015 година;
  2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2015 година;
  3. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на  Општина Струмица за 2015 година;
  4. Предлог-Програма  за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2015 година;
  5. Предлог – Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2015 година;
  6. Предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови во Општина Струмица за 2015 година;
  7. Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2015 година;
  8. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на  подрачјето на општина Струмица  за 2015 година;
  9. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2015  година;
  10. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во  областа на спорт и млади во 2015 година;
  11. Предлог –Програма  за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2015 година;
  12. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната   и детската заштита во 2015 година;
  13. Предлог – Програма  за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2015  година;
  14. Предлог – Програма   на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа;

Comments are closed.