И студентите од Струмица ќе го поддржат студентскиот протест во петок

Струмичките студенти ќе протестираат во петок. По тој повод тие испратија соопштение до СтрумицаСити.ком со цел за поголема мобилизираност. Во прилог целосно соопштение:

,,По свесното прекршување на законите, како и целосното игнорирање на Студентскиот Пленум и на самите универзитети, немањето можност за одржување на јавна дебата по повод државниот испит или екстерното тестирање, за петок е закажан нов студентски масовен протест.

За таа цел и студентите од Струмица се мобилизираат и го креваат гласот против лошите реформи и екстерното тестирање.

Воедно се повикуваат на масовност сите граѓани, студенти, професори, родители, средношколци и пензионери кои сакаат да го искажат своето незадоволство и несогласност против овој монолог на власта и екстерното тестирање. Заинтересираните можат да се пријават на меил адресата: studentskiprotestisr@gmail.com и на ФБ профилот: https://www.facebook.com/studentskiprotestistrumica” – стои во соопштението од струмичките студенти.

Comments are closed.