Пандев останува во Галатасарај

Поранешниот македонски капитен, Горан Пандев најави дека ќе остане во Галатасарај и ќе се бори за место во почетниот состав на тимот.

Иако имаше огромни шпекулации дека струмичанецот ќе замине уште во зимата, самиот играч го демантираше сето тоа.

„Овде сум четири месеци, на почетокот беше многу тешко, но се навикнувам на стилот и животот во Турција. По постигнувањето на хет-трикот во Купот, се чувствувам подобро. Сега во моите мисли е само Галатасарај. Имам договор со тимот. Иако има шпекулации за Торино или Фиорентина, не сум имал контакт со овие клубови. Мислам само на Галатасарај и среќен сум со мојата фамилија овде“, изјави Пандев.

Со ова медиумите во Турција истакнаа дека Пандев сега речиси сигурно ќе остане во тимот, барем до крајот на година. Инаку, Горан со Галатасарај има договор на една плус една година.

извор: Волеј

Comments are closed.