Струмичките пожарникари имале по три интревенции дневно во изминатава недела

Територијалната противпожарна единица во Струмица имала вкупно 21 интервенција во градот и населените места во последниве седум дена.
Од 15 – 21 декември, пожарникари најмногу биле ангажиране на гаснење на запалени оџаци и отпаден материјал, интервенирале на отварање на заклучен стан, извршиле контрола на потенцијално опожорување на трансформатор и угасиле опожарено сено.
Најдолгата интервенција траела два и пол часа во селото Куклиш каде се локалозирал пожар во семејна куќа.

Comments are closed.