На 25 декември ќе се спроведе Новогодишна крводарителска акција

Организација на Црвен крст – Струмица, во соработка со Клубот на крводарители при Црвен крст, организира Новогодишна доброволна крводарителска акција на 25 декември (четврток), од 08:00 – 15:00 часот.
Акцијата ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина. Се повикуваат граѓаните да повелат и ја искажаат својата хуманост.

Comments are closed.