Двајца струмичани под сомнение дека сториле кривично дело

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.М.(32) и Д.М.(51) поради постоење основи на сомнение дека истите сториле кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. По претходно обезбедена Наредба од страна на Судија на претходна постапка извршен е претрес во домовите на пријавените при што биле пронајдени и одземени 13.650 разновидни пиротехнички средства, петарди, ракети, прскалки и др.

Comments are closed.