Јане Киров ја престави својата „Изгубена љубов’’

Јане Киров вечерва пред своите сограѓани ja престави првата стихозбирка „Изгубената љубов’’. Како што вели младиот поет од СОУ „Димитар Влахов’’, инспирацијата за љубовна поезијата ја пронашол во секојдневието, најмногу во љубовта.
„ Љубовта кон девојката беше причина да ги истакнам своите емоции на лист хартија’’- рече авторот на „Изгубената љубов’’.
Киров на вечерашната промоција упати благодарност до градоначалникот Зоран Заев, Советот на општина Струмица и директорот на,,Димитар Влахов” за поддршката за издавањето на книгата.
„Се надевам дека во иднина ке издадам повеќе збирки и оваа нема да биде последна’’ – порача Јане Киров во Домот на АРМ.

Comments are closed.

Web