ООУ „Маршал Тито“ го одбележа Денот на турската настава

Основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица  традиционално го одбележува Денот на турската настава, 21 декември. По тој повод, синоќа во  домот на АРМ се одржа богата програма на која присуствуваа голем број ученици, наставници, родители, претставници на одделението за образование на општина Струмица и други гости.

-Основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица е мултиетничко училиште во кое наставата се изведува на два наставни јазика, од прво до петто одделение, на македонски и турски наставен јазик и од шесто до деветто одделение на македонски јазик. Одбележувањето на вакви празници е од исклучителна важност на една мултиетничка и мултикултурна земја во која живеат припадници на различни етнички заедници, секоја со свои културни обележја и особености.

Денеска сме овде заеднички да го прославиме овој значаен ден кој од 2007 година  е прогласен и за национален празник на турците во Република Македонија. Турската заедница и турскиот јазик се составен дел од мозаикот на културното богатство на Македонија. Денес сме горди бидејки се почитуваат културните разлики на припадниците на различните етникуми, а токму турската заедница е таа која даваше огромен придонес на полето на толеранцијата и афирмацијата на нашата земја, рече Благица Устапетрова, директор на училиштето.

Во програмата која беше изведена, покрај учениците и наставниците. учествуваа и родителите.

Comments are closed.