Жените од СДСМ Струмица со хуманитарна акција

По повод новогодишните и божиќните празници, Форумот на жени на OO СДСМ Струмица денеска ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“. Учесничките во акцијата донираа топла облека, обувки и прекривки во просториите на општинската организација на Црвениот крст во Струмица од каде ќе бидат дистрибуирани до граѓаните на кои таквата помош им е најпотребна.

-Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку Форумот на жени и во сите форми на дејствување, бил, е и секогаш ќе биде со граѓаните тогаш кога им е најпотребно. Оваа акција „Дарувај од срце“ можеби на изглед е мала, но во ситуацијата во која денес се наоѓаат граѓаните, а кога на некое семејство кое има потреба од ваква помош Црвениот крст ќе му ја даде, значи многу. Од името на Форумот на жени упатуваме благодарност до Црвениот крст бидејќи секогаш излегува во пресрет на нашите потреби и активности од хуманитарен карактер. Во оваа прилика сакам на граѓаните од името на Форумот да им ги честитам претстојните празници и да искажам голема благодарност до сите семејства кои донираа топла облека, рече Марија Гарванлиева координатор на Форумот на жени на OO СДСМ Струмица.

За донираната помош, од името на Црвениот крст се заблагодари Љупчо Јанков и рече дека оваа помош во следниот период ќе ја додели на семејствата на кои навистина им е потребна.
Оваа хуманитарна акција се одржува четврта година по ред.

Comments are closed.