Општина Струмица со претставник на тркалезната маса на тема „Состојби и перспективи на интегрираното образование во РМ“

Во присуство на голем број претставници кои работат на процесот на меѓуетничката соработка и интеграција во образованието, како дел од различни проекти во кои се вклучени организации, фондации и мисии како УСАИД, ОБСЕ, УНИЦЕФ, ПЕСТАЛОЦИ, како и претставници од  државните органи, локалната самоуправа, училиштата, медиумите, НВО, факултетите и други засегнати страни, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема „Состојби и перспективи на интегрираното образование во РМ“.

            На оваа средба присуствуваше и овластениот просветен инспектор од општина Струмица, како непосреден учесник во дел од проектите во кои општина Струмица била пилот општина или се уште е вклучена во проектите од меѓуетничката интеграција во образованието и интеркултурната соработка и комуникација, со цел за активно учество на локалната заедница во планираните активности на училиштата. Посебно беа потенцирани искуствата и добрите практики на интегрираното образование кои ги практикува и општина Струмица во делот на обезбедување логистичко-административна поддршка и финансиски средства како партиципативно учество во компонентата за реновирање на училишните објекти и директна финансиска помош за конкретни проекти, како што се интеркултурната размена на ученици во Швајцарија и воннаставни активности на локално и училишно ниво.

Comments are closed.