Од вечерва ќе почне новогодишното украсување на Струмица

Од вечерва ќе почне новогодишното украсување на градот. Најразлични светлосни фигури ќе бидат поставени на целиот плоштад „Гоце Делчев“ со влезовите, градското корзо од општинската зграда до големиот градски парк, трите кружни текови, булеварите „Ленинова“, „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“ и улицата „Маршал Тито“ односно Старата чаршија. Новогодишното украсување кое чини околу два милиони денари ќе го врши фирмата „Линк Медиа“ од Скопје.

Иако, новогодишното украсување ќе се врши во вечерните часови кога и интензитетот на сообраќај е послаб, општина Струмица апелира до граѓаните за поголемо разбирање во следните неколку денови, затоа што ќе има отежнато одвивање на сообраќајот, а некои улици повремено ќе бидат и затворени.

фото: архива

Comments are closed.