Општина Струмица ги усовршува односите со јавноста

Транспарентноста и отчетноста секогаш биле и се во приоритетите на општина Струмица, а односите со јавноста се суштинскиот елемент на оваа позитивна практика. Токму поради ова, општината постојано ги зајакнува сопствените капацитети за уште поголема транспарентност кон своите граѓани.

Еден од начините е и учеството на обуки и работилници навработените кои ги реализираат односите со јавноста. Во изминатите два дена претставници на одделението за административна поддршка на Градоначалникот и одделението за општо правни работи учествуваа на дводневна обука за комуникации, односи со јавност и комуникациски стратегии која што во организација на Фондацијата отворено општество – Македонија се одржа во Дојран. Основните елементи на односите со јавноста, важноста на ПР стратегиите, организација на медиумски настани, веб платформите и социјалните  мрежи беа само дел од темите на кои работеа учесниците од општините Струмица, Центар и Струга и Центрите на заедницата во овие општини.

Comments are closed.