СДСМ Струмица: Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не дозволува нови вработувања во градинката „Детска радост“

ОО СДСМ Струмица денеска одржа прес конференција по повод состојбата во струмичката граднка ,,Детска радост” и проблемот со вработувањето во истата. Во прилог интегрален текст од прес конференцијата:

,,Почитувани,

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не дозволува нови вработувања во градинката „Детска радост“ која со години бара согласност, а никако да ја добие.

Новите вработувања се неопходни за нормално функционирање на детска градинка во интерес на дечињата и родителите.

Во четирите клона на градинката вкупно се запишани 934 деца, од кои 714 во градинка и 220 во јасли, а со нив постојано работат само 30 воспитувачи и 33 негователи.

Хигиената ја одржува само една постојано вработена хигиеничарка. Една хигиеничарка на 934 деца во четирите клона на градинката. Ова никаде го нема. Срамно е и жално. Па за деца се работи.

Оваа состојба ја констатираше заедничката комисија составена од советници од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на седницата на Советот на општина Струмица одржана во септември минатата година.

Тогаш беше заклучено да се побара согласност  за  врaботување на нови: 20 воспитувачи, 10  негователи, 1 доктор по медицина или педијатар, 4 виши медицински сестри,  психолог, социјален работник, дефектолог, логопед,  правник,  по еден педагог за  музичко, ликовно и физичко воспитување,  2 професори по странски јазик, 6 садомијачи и 14 хигиеничари, кои се предвидени согласно систематизацијата, а кои би овозможиле нормално функционирање на четирите клона на градинката.

Овој заклучок го изгласа Советот на општина Струмица.

Но од ресорното министерство нема никаков одговор.

Срамниот, игнорантски однос на Владата на Никола Груевски кон општина Струмица е на штета на граѓаните и децата.

Во интерес на граѓаните, децата и родителите бараме Владата веднаш да даде согласност за овие вработувања, за да може градинката нормално да функционира. ” – стои во денешната прес конференција од ОО СДСМ Струмица.

 

 

Comments are closed.

Web