Успешно второто шестомесечие во ,,Систем 48,,

Во изминатите шест месеци,од вкупно 877 пријави од граѓани, 811 се решени, а само 66 се во процес на реализација. Тоа беше истакнато на  отчетна прес конференција на ,,Систем 48,, на која зборуваше Македонка Манолева. 
Интегрален текст:
Почитувањето на принципот на транспарентност, значи обезбедување доволно податоци за граѓаните на Општина Струмица, за директно и непосредноследење на работата и квалитетот на секој сектор и служба во Општина Струмица, директен увид во проблемите и барањата на граѓаните како и непосредно вклучување во нивното решавање и подобрување на состојбата и квалитетот на животот во општина Струмица.Систем 48, е јавно достапен сервис за сите граѓани на општина Струмица кој успешно функционира три години и неколку месеци.

За таквата успешност заслуга имаат сите служби коии се учесници во разрешувањето на пријавите од граѓаните, како и Градоначалникот кој исто така е активен градител на овој јавно достапен и транспарентен општински сервис.. Сепак најважната алка се граѓаните кои секогаш се главен коректив на работите во општината, а тоа нajчесто го остваруваат контактирајќи го ,,Систем 48,, на бесплатниот телефонски број 080014848.

Најголемиот број од нивните барања се реализираат во рок од 48 часа, а само мал дел од нив, поради нивната специфика, се решаваат подолго од тоа. Во овој наш полугодишен отчет за сработеното, вреди да се истакне дека во изминативе 6 месеци, во Систем 48 се доставени вкупно 877 пријави од кои 811 се реализирани, а само 66 се во процес на решавање. Во месец јуни, од вкупно 162 пријави решени се 154, а во процес на решавање 8. Во Јули, 134 пријави, 125 решени, а во процес на решавање 9, Август 158 пријави, решени 147, а во процес на решавање 11. Септември 157 пријави, решени 151, во процес на решавање 6, Октомври 151 пријава, решени 140, во процес на решавање 11, и во Ноември 115 пријави, решени 104 , а во процес на решавање се 11. Транспарентното и јавно работење на чело со Градоначалникот на Општина Струмица е основна цел на Систем 48.
Им изразуваме јавна благодарност на сите граѓани од општина Струмица кои во изминатиов период соработуваа со ,,Систем 48,, со уверување и надеж дека соработката ќе продолжи и во наредиот период.

Comments are closed.