Кривични пријави за струмичани кои го злоупотребиле безвизниот режим на ЕУ

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Виница при СВР Штип до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М.(46) и М.М.(40) двајцата од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле  кривично дело ,,злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.

Имено, пријавените при крајот на месец јануари годинава организирале патување на три лица државјани на Република Македонија во Република Германија кои со цел стекнување на социјални и економски права побарале азил спротивно на прописите на државите членки на Европската унија и на  Шенгенскиот договор. Со кривичното дело Ј.М. и М.М. се стекнале со противправна имотна корист од 18.450 денари.

Comments are closed.