Здружението „Евро-визија“ со прес конференција за проектот „Перспективи“

Денеска, 16.12.2014 година (вторник), со почеток во 14:00 часот, во хотел „Тивериопол“ ќе се одржи завршната прес – конференција на здружението „Евро-визија“, поврзан со едногодишниот проект кој вклучуваше отварање на центар за развој на човечки ресурси „Перспективи“.

Целта на оваа прес конференција е пред пошироката јавност да се прикажат резултатите од проектот „Прекуграниченн центар за развој на човечки ресурси – Перспективи“, што во текот на оваа година во Струмица го реализираше Здружението „Евро-визија“.

На прес-конференцијата ќе бидат присутни членови од сите партнерски организации, а ќе бидат прикажени дел од креативните трудови кои произлегоа од практичните работилници на проектот.

Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија, а беше имплементиран од страна на „Граѓанска иницијатива за локален развој“ од Ќустендил; „Здружението за развој на децата и младината во Дупница“ и Здружението „Евро-Визија“ од Струмица.

Прес-конференцијата ќе биде отворена за прашања од медиумите.

Comments are closed.