Струмица во проект за Управување со сливот на реката Струмица

Во хотелот „Сириус“ денеска се одржа заедничка воведна работилница во рамките на проектот „Управување со сливот на реката Струмица“, кој од неодамна се имплементира преку финансиската и техничката поддршка на УНДП и швајцарската агенција за развој и соработка.

На работилницата беа презентирани резултатите од досега одржаните работилници за вклучување на локалното население во процесот на идентификување на главните предизвици поврзани со управувањето со водите, но се презентираа и целите и очекуваните резултати од проектот, новините во управувањето со водите кај нас, како и современите техники за стратегиско планирање во областа на водите.

-Долгорочно, главната цел на овој проект е да го подобри управувањето со водите во рамките на овој исклучителено ранлив еко систем, сливот на река Струмица, кој ја опфаќа територијата на шест општини, почнувајќи од Конче, Радовиш, Струмица, Ново Село, Василево и Босилово преку спроведување на серија на мерки на ниво на сливно подрачје или ниво на слив, се со цел да се подобри квалитетот на водите во сливното подрачје, но и да се минимизираат оние ризици по населението, економските добра од поплавите, сушите и другите штетни ефекти поврзани со водните ресурси. Во првата фаза од проектот ќе се сработува потребната планска и техничка документација која ќе ја обезбеди основата за спроведување на идни мерки и инвестиции во рамките на клучните сектори кои придонесуваат или се засегнати на некој начин од водните ресурси. Со цел поголемо вклучување на јавноста, во рамките на овој проект развиени се посебни прототипови, извршено е сеопфатно истражување на мислењето, перцепциите, ставовите на населението во врска со прашањата поврзани со водите и токму на овој настан денеска ќе бидат презентирани резултатите од тие перцепции и анализи. Тие ќе бидат од огромна корист за нас во определувањето на приоритетот на мерките кои ќе се спроведуваат во рамките на ова сливно подрачје во различни сектори во текот на наредните пет до шест години, рече Димитрија Секоски, раководител на проектот.

Comments are closed.