Оваа се рангираните предлози на граѓаните за Буџетот на Струмица за 2015 година

На последната сесија на „Форуми во заедницата“ на општина Струмица за оваа календарска година, граѓаните гласаа и направија рангирање на програмите и проектите за кои сметат дека се приоритетни за реалзирање во наредната 2015 година. Предлозите треба да се расправат на седницата на Советот на општина Струмица при освојувањето на Буџетот за 2015 година.

Кај програмите, најголем број гласови доби програмата за изградба на системи за одводнување и пречистување на отпадни води. Второрангирана е програмата за изградба на локални патишта и улици, а треторангирана е програмата за изградба на системи за водоснабдување.

Најголем број гласови кај проектите доби проектот за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, второрангирана е дислокацијата на турското маало, а на третото место според бројот на гласовите е проектот за улици во град Струмица.

Инаку на претходните форумски сесии, градоначалникот Зоран Заев, даде зелено светло на скоро сите предложени проекти од граѓаните, а кои се во ингеренции на локалната самоуправа.

Comments are closed.