Вработените во „Комуналец“ го чистат поројот „Крушевска Република“

Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска го чистат поројот „Крушевска Република“. 

Покрај рачното чистење, вклучена е и механизација на претпријатието, затоа што се чистат наносите од дождовите, но и разновидниот отпад.
Екипи на „Комуналец“ многу често го чистат овој порој, кој и многу брзо се полни со наноси и разновиден отпад. Затоа апелираат до граѓаните кои живеат од двете страни да не го фрлаат отпадот од своите домаќинства во поројот.

Comments are closed.