Во Музејот отворена изложбата на фотографии на Александар Дончев

По изложбата во Софија, Александар Дончев синоќa во родната Струмица престави фотографии од циклусот „Помеѓу’’ во галеријата на Музејот.
За Дончев, фотографијата не постои само за себе, веќе таа мора да носи и одредена порака. Како што вели, во циклусот „Помеѓу’’ тој сакал да ја долови суштината на апсолутно спротивставени енергии и идеи, да ја дефинира дуалноста.


„Она што ме најмногу интересира е она што се наоѓа помеѓу, спротиставеноста. Помеѓу единствено се наоѓа нашата перцепција, нашето его. Надвор од тоа не постои ниту црно и бело, ниту топло и ладно. Надвор од нашето его и перцепција се наоѓа совршеност’’ – вели Александар Дончев за својата инспирација.


Александар Дончев дипломирал на Националната академија за театарска и филмска уметност на отсекот за Уметност и современа фотографија во Софија. Дончев зад себе има шест самостојни изложби, а учествувал уште на осум групни поставки.

Comments are closed.