Пронајдена марихуана кај струмичанец

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.С.(25) од Струмица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанцоии и прекурсори“.

На 26 април,  на ул. “Крушевска Република” во Струмица полициски службеници извршиле преглед над патничко такси возило во кое се превезувале две лица при што на задното седиште пронајдена е 7,43 грама марихуана.

По преземени мерки е утврдено дека марихуаната  ја набавиле од пријавениот со намера да ја уживаат, а при извршен претрес во домот на пријавениот пронајдени се уште 27 грама марихуана.

Comments are closed.