Кривични пријави за тројца струмичани поради насилство

Како што пишува во дневниот билтен на СВР Струмица,  поднесена е  кривична пријава против С.З.(25), В.Ј.(34) и Г.Г.(33) сите од Струмица за сторени две кривични дела „насилство“.

На 30.11.2014 година, околу полноќ, во с.Ново Село пред пицеријата „Ана Марија”, пријавените без повод и причина физички нападнале лице од с. Ново Село, во тој момент дошле уште две лица кои од страна на пријавените без повод и причина биле физички нападнати.

Нападнатаите лица биле пренесени во Општа болница во Струмица каде им биле констатирани видливи повреди на телото, а едно од лицата бил задржан за понатамошно лекување.

Истата вечер околу 02.00 часот пријавените се упатиле кон бензинската пумпа во с.Колешино, каде без повод и причина физички нападнале уште едно лице,  нанесувајќи му видливи повреди на лицето и телото.

 

Comments are closed.