Средношколците од Струмицаа даруваа крв

Црвениот крст Струмица во соработка со Службата за трнсфузиона медицина изминатиов период организираше крводарителски акции во средните општински училишта „Димитар Влахов’’ и „Јане Сандански’.


Вчера крводарителската акција се спроведе и во СОУ „Никола Карев’’ каде вработените и учениците од оваа училиште даруваа крв по повод патронатот на градот.


„И оваа година голем број на момчиња и девојки го напрвија првиот чекор во областа на крводарителството што е позитивен знак дека сепак младите имаат хумана свест во себе’’ – велат од Црвениот крст Струмица.

Comments are closed.