„Распеани струмичани“ одржаа концерт во чест на празникот на градот

Членовите на ансамблот „Распеани струмичани“ синоќа  на големата сцена во НУЦК „Антон Панов“ го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт, а во рамките на програмата со која општина Струмица го одбележува Денот на заштитниците на градот.

На концертот присуствуваа градоначалникот Зоран Заев, членови на Советот на општина Струмица, гостите од збратимениот градскиот округ Електростаљ од московската област на Руската федерација и поголем број граѓани почитувачи на репертоарот на овој ансамбл, кој на синоќешниот концерт беше збогатен со настапот на Благица Калева и групата „Модус“.

Comments are closed.