Заврши полусезоната во ПМФЛ, Турново седми

Заврши полусезоната во Првата Македонска фудбалска лига, Вардар ја освои есенската титула со три бода предност во однос на Работнички.
Фудбалерите на Турново завршија на седмата позиција со 21 бод. Во 17-те одиграни натпревари Турновци забележале 5 победи, шест порази и исто толку реми натпревари. Во овие 17 натпревари постигнале 15 погодоци, а примиле 17.
Најдобар стрелец во редовите кај Турново е Георгиев.

Во однос на останатите тимови, како што кажавме Вардар е лидер со 38 бодови, Работнички е второ пласиран со три бода помалку, додека третопласирана е Шкендија со 30 бодови.
Тетекс заврши на дното од табелата со само една победа, и со вкупно 6 освоени бодови, Штипска Брегалница заврши едно место погоре односно на 9-тото со 13 освоени бодови.
Пролетниот дел од сезоната започнува со натпреварите закажани за 1 март 2015 година. Не очекува интересна борба за титула, со оглед на тоа дека Работнички, како и Шкендија се со реални шанси за освојување на титулата.

Турново со добра игра, може да очекува место за во Европа.
Во есенскиот дел од сезоната најдобра одбрана имаше тимот на Вардар, кој што прими само 10 погодоци, најмногу погодоци постигнале фудбалерите на Шкендија 33.
Најдобар стрелец во домашниот шампионат е хрватот Вручина кој што го носи дресот на Шкендија со 12 погодоци.

Александар Ванев

Comments are closed.