Во ноември решени 90 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

До општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец ноември, биле пријавени 115 проблеми од повеќе области. Од нив решени се 90 проблеми, останатите 25 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа, а повеќето од нив се пријави од инвестиционен карактер. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во месец ноември,се од областа на уличното осветлување 75, од областа на собирање смет 13, водовод и канализација 10.

Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат навремено да интервенираат и да ги решавааат пријавите доставени до „Систем 48“, а со тоа би се спречиле и недоразбирањата во однос на временскиот рок кога е пријавено и кога точно треба да се одговори, односно интервенира. Од „Систем 48“ им благодарат на сите граѓани на општина Струмица за користењето на услугите на овој општински сервис.

Comments are closed.