Турново против Тетекс во полуфиналето на Купот на Македонија

Фудбалерите на Турново во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија ќе играат против Тетекс, така одлужи ждрепката спроведена од страна на ФФМ.
Другата двојка е Работнички против фудбалерите на Ренова.
Првите натпревари се играат на 18 март, додека реванш натпреварите се закажани за 15 април 2015 година. Првиот натпревар Турновци го играа нагости во Тетово, додека Работнички ќе биде домаќин на Ренова.
Фудбалерите на Турново се фаворите во натпреварите, со што имаат поволна шанса за да го елиминираат Тетекс.

Александар Ванев

Comments are closed.