„Прегратка’’, наградената песна посветена на Струмица

Во категоријата на возрасни автори, Горан Енимитев ја освои втората награда за најдобра литературна творба посветена на градот Струмица.

Конкурсот беше распишан по повод Денот на заштитниците на град Струмица “Св. петнаесет тивериополски свештеномаченици”, а доделувањето на наградите се одржа денеска во просториите на библиотеката „Благој Јанков Мучето’’.

Горан Енимитев

Песната „Прегратка’’ на Горан Енимитев:

Стојам пред твојот дом

Во ГРАДОТ твој и мој

Свесен за мојот грев

За мојот неспокој…

Ми одекнува гласот

на твоето последно АЛО

Талкајки од малиот парк

До старото Чифлик маало.

Од Дупина Чешма

Патем голтка вода

Бришам машки солзи

И продолжувам да одам,

Градевме се полека

Чекор по чекор

Тула по тула

И првиот бакнеж

Под Царевата кула

Без тебе сум ко без раце, без нозе

Без тебе сум торзо

Ме боли секавањето

На нашиот безгрижен ОД

По струмичкото корзо...

А замислував свадба

Со тапан и труби

За моето да заврши

Со “Да биде проклет

Тој што прв да почна љуби”

И чекорејки го патот

На нашата последна прошетка

Ми се враќа мигот

Јас во твојата ПРЕГРАТКА…

И ако ова го слушаш

Ти зборувам со срце и душа

Прости ми и прегрни ме силно

Пред нас е и тој чин

.И сакам да си овде,

Во Струмица да се роди мојот СИН…

Comments are closed.