Општина Струмица: Граѓаните го креираат буџетот на општина Струмица

Буџетот на општина Струмица веќе девет години се креира врз основа на барањата и потребите на граѓаните од урбаните и месните заедници, а овој пат во четири циклуси, зборот на граѓаните се слуша преку Програмата „Форуми во заедницата“ во која општина Струмица е лидер во државата –  ова, меѓу другото, го рече Тони Милушев, општински координатор на Буџетскиот форум 2014-2015 година во денешната реакција, а по повод вчерашната прес конференција на Зоран Пакетов претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Интегрален текст од реакцијата:

Тоа што беше кажано во вчерашната изјава на првиот човек на струмичкиот огранок на ВМРО ДМПНЕ, Зоран Пакетов, е во најмала рака, ноторна лага! Тврдењето дека општината нема контакти со граѓаните и не ги следи нивните потреби е став кој е сосема спротивен од вистината и реалноста.

Буџетот на Општина Струмица веќе девет години се креира токму врз основа на барањата и потребите на граѓаните од урбаните и месните заедници. Порано, покрај секојдневните контакти тоа се правеше преку редовните собири на граѓаните во сите урбани и месни заедници, а овој пат во четири циклуси, зборот на граѓаните се слуша преку Програмата „Форуми во заедницата“ во која Општина Струмица е лидер во државата.

На форумските сесии од оваа програма присуствуваат граѓаните од урбаните и месните заедници и тие со свои предлози учествуваат во партиципативното буџетирање на општината. Тоа не може да не го знае господинот Пакетов и советничката група на ВМРО ДПМНЕ, кога негови сопартијци-советници присуствуваа на две од досегашните четири форумски сесии.

Па, сепак и покрај изнесените лаги, Општина Струмица им благодари на луѓето од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ поради тоа што конечно  сфатија дека и тие треба да се интересираат за потребите на граѓаните.

Comments are closed.