Какви се резултатите од воведувањето на зонското паркирање во Струмица?

Во месец ноември преку праќање на СМС регистирани се 6653 паркирања, додека преку греб карти паркирањето го пријавиле 5165 возачи, известуваат од ЈП „Паркиралишта Струмица’’.

Според направената анализа, во првиот месец од воспоставување на системот за организирано паркирање, на раположливи 713 наплатни паркинг места, јавното претпријатие овозможило повластено паркирање на 242 возила во подрачјата кои се опфатени со зонско паркирање.


Од издадени 198 станарски дозволи, 187 се постојани и тоа: 161 дозвола на граѓани кои паркираат со 0 денари месечен надомест односно бесплатно, и 26 дозволи за второ возило со 300 денари месечен надомест . Останатите 11 станарски дозволи се издадени за привремено паркирање.
Исто така, јавното претпријатие има издадено 39 дозволи за повластено паркирање за вработени кај правен субјект и 5 дозволи за повластено паркирање на правни субјекти.


Од „Паркирашта’’ известуваат и дека паркирањето на паркинг местата означени за лица со посебни потреби се одвивало непречено , а пајак службата интервенирала во неколку наврати при отстранување на возила кои попречувале влез или излез од гаражно место.

„Гледано сумарно, бенефитот од организирањето на паркирањето се покажа како позитивен за сите граѓани на општина Струмица. Тргнувајќи од фактот дека околу дванаесет илјади паркирања се имаат реализирано за еден месец може да се заклучи дека искористеноста на едно паркинг место е задоволителна, земајќи во предвид дека во црвена зона има 6204 паркирања месечно и искористеноста на едно паркинг место е 39 пати. Во жолтата зона имало 5856 паркирања и искористеноста на едно паркинг место е 11 пати. Оваа покажува циркуларот на возила е значително зголемен, а со тоа и иницијалниот мотив за отпочнување на организираното паркирање е постигнат’’ – изјави на денешната конференција Верица Узунова, директорката на „Паркиралишта’’ – Струмица.



Узунова потецираше дека јавното претпријатие „Паркиралиште’’ секојдневно е во тек со случувањата во делот на сообраќајот во движење и мирување и ги прифаќа сите забелешки и сугестии на граѓаните.

„Во таа насока, периодот кој следува ќе биде исполнет со организација и преговори за овозможување на непречено паркирање на граѓаните кои во моментов се соочуваат со потешкотии, како би обезбедиле поголемо општествено добро за нашите сограѓани преку обезбедување на повеќе паркинг место за сите’’ – додаде Узунова.

reactid=".6j.$mid=11418223584640=263c3d2a3495c311467.2:0.0.0.0.0.0.$end:0:$29:0" />

Наплата на зонското паркирање во Струмица започна на 3 ноември.

Comments are closed.