Започнуваат подготовките за Струмичкиот карневал 2015

Во пресрет на празникот Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици, во кабинетот на градоначалникот Зоран Заев денеска се одржа традиционална средба со главните спонзори на Струмичкиот карневал. На спонзорите им беа доделени благодарници за значаен придонес на струмичката манифестација, а се разговараше и за предлози, сугестии и забелешки кои би ја подобриле организираноста на Струмичкиот карневал 2015.

„Без подршка на генералните спонзори, Струмичкиот карневал нема да е тоа што е денес. Имаме девет главни спонзори и се надеваме дека бројката ќе расте во иднина. Среќни сме што и во периодот на криза, стопанството се бори со финсиските проблеми и, сепак, опстојува со нас’’ – изјави градоначалникот Зоран Заев.

За Викторија Јовановска, преставничка од „Шпаркасе банка“, да се биде дел од Струмичкиот карневал е голема чест.

„Шпрапкасе банка во своето делување настојува да се интегрира со локалните заедници и во таа насока и во иднина ќе продолжиме да  ја подржуваме оваа манифестација – вели  Јовановска.

Според телевизијата „НБС’’, Струмичкиот карневал е прогласен во топ 20 најдобри карневали во светот.

Comments are closed.