Четири кражби за недела дена во Струмица

Стан, куќа, црква, магацин и нива се ограбени во изминатата недела во Струмица. Од овие места крадците одзеле пари, златен накит, ловечко оружје, лозови садници и разновиден алат при што направиле материјална штета од 150.000 денари, известуваат од СВР Струмица.
Во периодот од 1 – 8 декември на подрачјето на општината се пријавени пет физички напади, а се случиле и четири сообраќајни незгоди во кои се повредени 9 лица.


Полицијата спровела и контроли на техничката исправност на автобуси и такси возилата кои вршат јавен превоз на патници, како и на откривање на возачи кои управуваат под дејство на алкохол.
Во двете контроли констатирани се 19 прекршока.

Comments are closed.