Со повеќе свечености општина Струмица ќе го одбележи Денот на заштитниците на градот

Со повеќе свечености и манифестации кои ќе се одржат од 10 до 13 декември, општина Струмица ќе го одбележи Денот на заштитниците на градот „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“.

Традиционално и оваа година ќе бидат доделени годишните награди на општина Струмица за 2014 година и општинската награда за животно дело на свечената седница на Советот на општина Струмица која што ќе се одржи на 11 декември (четврток) во 12 часот во НУЦК „Антон Панов“

. На истатат за значењето на празникот ќе зборува градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Comments are closed.