Волонтерите од Црвен крст одржуваат едукативни работилници за своите врсници

Викендов во просториите на Црвен крст – Струмица се одржа врсничка едукација на тема „Борба против трговија со луѓе’’. Предавањето го одржа младата волонтерка Елизабета Колева која, преку  видео материјал и флаери, ги запозна младите со овој глобален проблем.

Организацијата на Црвен крст Струмица, покрај хуманитарни акции, често организира ваков тип на едукативни работилнициво во кои млади обучени волонтери на своите врсници им пренесуваат информации за превенција  околу одреден проблем.

Comments are closed.