Струмичките кошаркари загубија од Карпош Соколи

Кошаркарите на Струмица загубија на гостински терен од Карпош Соколи. Во натпревар од 9. коло кошаркарите на Карпош Соколи со резултат од 76-54 славеа над КК Струмица.
Првата четвртина заврши нерешено 19:19, во втората четвртина резултатот гласеше 19:11 во корист на домаќините. Во третата четвртина Струмичките кошаркари уфрлија само 8 поени, додека домаќините уфрлија високи 23 поени. Во четвртата четвртина резултат гласеше за 15:16 за гостинските кошаркари, со што натпреварот заврши со резултат од 76:54

Најрасположен во редовите на Карпош Соколи беше Владимир Филиповиќ со 10 поени и 4 скока, поен помалку уфрлија Кирил Павловски и Игор Пенов.
Гостите ги предводеше Томчо Соколов со 13 уфрлени поени, 12 скока и една асистенција, втор на листата на стрелците кај Струмица беше Лазар Марковиќ со осум поени и еден скок.
Во следното коло кое се игра на 13 декември Струмица гостува во Куманово, а кошаркарите на Куманово се фаворити во овој натпревар.

Александар Ванев

Comments are closed.