Струмица и Ниш со размена на искуства за зонското паркирање

Претставници на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица” престојуваа во дводневна посета на градот Ниш, Србија. На покана за воспоставување техничка соработка, директорот Верица Узунова, присуствуваше на работен состанок со директорот на „Паркинг Сервис Ниш” Марко Јанкович и раководните структури во јавното претпријатие кои имаат воспоставено систем на зонско паркирање повеќе од шест години.

Размената на искуството и успешноста во опстојувањето и одржувањето на системот на паркирање во Ниш како и искористеноста на паркинг просторите и ефикасноста на пајак службата е од битно значење за нас како почетници во целокупната организација на паркирањето. Сепак, Ниш е град во кој јавното претпријатие управува со над 3. 500 паркинг места, но и таму при стартот се соочувале со слични организациски ситуации како и нашите кои со текот на времето биле надминати. На наше големо задоволство оствариме средба и со заменик претседателот на Собранието на град Ниш, Ненад Станкович, со кого поразговаравме и разменивме искуства за голем дел од комуналните надлежности и дејности на општина Струмица и градот Ниш и јавните претпријатија кои се основани од нив, рече Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“.
Инаку, двете јавни претпријатија соработуваат уште од април годинава, шестгодишните искуства на нишкото претпријатие имаа свој придонес во воспоставувањето на системот на зонско паркирање во Струмица.

Comments are closed.