Се конституира LEO клубот во Струмица

И Струмица по примерот на многу светски земји, доби свој LEO клуб. На конститутивниот состанок беа формирани и органите на LEO клубот, чија што основна цел е да ги поттикне младите да станат волонтери и да им служат на нивните заедници, да ги исполнуваат хуманитарните потреби, да се промовира меѓународно разбирање меѓу луѓето и младите и да се гради заедница базирана на мир, еднаквост и почитување на човековите слободи, права и достоинство. Воедно, активностите и проектите ќе им помогнат на младите LEO клубови и нивните членови да развиваат лидерски и организациски вештини, како и личен развој во исполнувањето на новите предизвици и одговорности.

Во рамките на својата програма за делување, LEO клубот го посети Дневниот центар на лицата со посебни потреби каде што на децата им врачија мали симболични поклони, а посетата ја искористија и за дружење и разговор со надлежните во насока за идно помагање. Со оваа активност, беше одбележан петти декември, светскиот ден на LEO клубовите ширум светот. Исто така, младите од ЛЕО клубот присуствуваа и на манифестацијата организирана по повод трети декември, светскиот ден на хендикепот.

 Инаку, LEO клубовите ширум светот се младински организации во рамките на LIONS клубовите. За информација, веќе неколку години во струмица активно функционира и LIONS клубот.

 

Comments are closed.